Порибување на Акумулација Стрежево
На 29 јуни со почеток од 10 часот во близина на браната Стрежево се организира порибување на Акумулацијата Стрежево со благородни и ципринидни видови на риби. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот. Организатор на порибувањето е Јавното претпријатие Стрежево, како концесионер на рекреативна зона "Риболовна вода - ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО".
Стрежево ја спаси Пелагонија од поплави
Акумулацијата Стрежево, која ги зафаќа водите од реките Кишавска, Остречка, Граешка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка, река Шемница и река Драгор, ја спаси Пелагонија од поплави, изјави генералниот директор на ЈП Хидросистем Стрежево, Методија Граматковски.
Акумулацијата Стрежево бележи зголемен доток изминатите денови како последица на интензивните врнежи од дожд, но од истоименото јавно претпријатие се подготвени за новоностаната ситуација.
"Стрежево" спремно ја започна сезоната за наводнување со висок степен на ликвидност и позитивен биланс за 2022 година
Од први јуни ја започнавме сезоната за наводнување на 20.200 хектари земјоделска површина во Пелагонија, а на залиха имаме доволно репроматеријали.