Рехабилитација на пристапните патишта до Акумулацијата Стрежево

Изминатите денови се изврши рехабилитација на главниот и помошниот пристапен пат до акумулацијата Стрежево. Патот го користат рекреативните риболовци, локалното население, спортисти и вработените од претпријатието.

Повеќе: Рехабилитација на пристапните патишта до Акумулацијата Стрежево

ЈП "Стрежево" И ЈКП Водовод Битола потпишаа протокол за снабдување со сирова вода

Денес двете претпријатија потпишаа протокол за снабдување со сирова вода со прецизни одредби за регулирање на правата, обврските, како и начинот на постапување на договорните страни.

Со протоколот се уредуваат условите и начинот за снабдување со вода, односите меѓу давателот и корисникот на услугата, со цел достапност до доволно количество квалитетна вода за потребите на граѓаните, во согласност со начелата за одржливо управување со водите за пиење и заштита на човековото здравје.

Повеќе: ЈП "Стрежево" И ЈКП Водовод Битола потпишаа протокол за снабдување со сирова вода

Хидросистемот Стрежево со инвестиција од 20.000.000,00 денари во цевководната мрежа

Сопствени средства ЈП “Стрежево” - Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел - реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работиме за овозможување зголемување на наводнуваните површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство.

Повеќе: Хидросистемот Стрежево со инвестиција од 20.000.000,00 денари во цевководната мрежа

Страница 14 од 53