Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

„Стрежево“ нема да ја зголеми цената на водата наменета за водоснабдување на население за 2021 година

ЈП „Стрежево“ – Битола согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги и ценовникот усвоен од Владата на седмата седница од 29. 09. 2020 година, нема да ја зголеми цената на водата за 2021 година, наменета за водоснабдување на населението.

Со постоечката цена од 5,15 денари за метар кубен, сметаме дека можеме да ја подобриме ефикасноста на водните услуги, преку обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги, со најмалку трошоци.

„Анализирајќи ги сите аспекти, КОВИД 19-пандемијата, која има огромно влијание врз животот на граѓаните и економијата денес, но и непредвидливите очекувања за наредната година, се одлучивме цената на водата во 2021 да остане непроменета.

Економските текови се сензитивни, ги зедовме предвид сите аспекти и согласно методологијата по која се формираат цените на водните услуги сметам дека правилно постапивме да останат истите цени за водоснабдување со кои ќе ги заштитиме интересите на крајните потрошувачи, односно граѓаните.

Ние како институција, во идниот период со домаќинско работење и рационално трошење на ресурсите, ќе ги зголемиме приходите од останатите дејности, а ќе ги намалиме непродуктивните трошоци“, посочи директорот на претпријатието, Методија Граматковски.

Со оваа цена на водата, Стрежево и понатаму ќе остане успешно претпријатие, кое ќе инвестира во нова опрема и современа технологија, а воедно ќе вложува во нови инвестиции кои ќе носат дополнителни приходи.