Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Раководствата на "Злетовица" и "Лисиче" во работна посета на "Стрежево"

Во работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола  беа раководствата на ЈП ХС "Злетовица", и на Јавното претпријатие за водостопанство “Лисиче”-Велес.
Гостите го посетија компјутерскиот центар во Управната зграда на претпријатието, командната зграда на браната, хидротехничките и придружни објекти на браната, хидроцентралите, како и неодамна изградената фотоволтаична централа.


Во рамките на посетата, реализираа заедничка средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната состојба и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработка меѓу трите институции со водостопанска дејност.


На средбата покрај потенцираната одлична соработка, стана збор за состојбите во македонското водостопанство, обезбедувањето на економично стопанисување, користење, функционирање и одржување на хидросистемите, како и за подобрување на условите за поуспешно работење на носителите на водостопанската дејност и користење на нашите услуги од страна на корисниците на вода.
Исто така беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу трите институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка, а првенствено црпејќи го искуството на Стрежево како најсовремен систем од ваков вид во државата и регионот.
Достапноста до доволно количество квалитетна вода, во согласност со начелата за одржливо управување со водите за пиење и за производство на храна, за потребите на земјоделството, индустријата и хидроенергетските потреби се акцентирани како клучни теми на работниот состанок.


Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со Злетовица и Лисиче, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен”, изјави по средбата директорот на претпријатието Методија Граматковски.