Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Поставена нова урбана опрема - втор летниковец на Акумулацијата Стрежево

Во близина на селото Лера, од левата страна на главниот пристапен пат до рекреативната зона акумулација Стрежево, ЈП Стрежево" - Битола постави урбана опрема - Летниковец, во непосредна близина на првиот, кој го изградивме минатата година.

Со реализацијата на оваа активност се заокружува едно функционално решение и урбаното уредување и се обезбедува исклучително живописен поглед на акумулација Стрежево и неговата околина. Денес добивме уредено место каде што граѓаните ќе можат да се рекреираат и уживаат во природните убавини" - изјави директорот Методија Граматковски.

Урбана опрема, којашто е специјално дизајнирана за овој простор e од природни материјали отпорни на надворешни влијанија. Планирана е така што ги задоволува потребите на сите старосни групи, адаптирана и за лица со посебни потреби, лесно пристапна, лесна за одржување и санирање и безбедна за употреба." рече Граматковски.

Акумулацијата Стрежево претставува една од најубавите и најважните дестинации од рекреативен аспект, затоа треба да се негува и континуирано да се инвестира во уредувањето на околината на крајбрежниот појас, заради целосно искористување на нејзините потенцијали.

Остануваме отворени и преку одговорен пристап во работата, ќе продолжиме со спроведувањето на зацртаните проектни активности во интерес на граѓаните" - посочи првиот човек на претпријатието.

летниковец