Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Запленети мрежи на акумулација Стрежево

      На ден 24.05.2016 година во 01 часот на акумулацијата Стрежево, на локацијата залив Стрежево, од страна на вработени во рибочуварската служба се уловени и запленети мрежи со вкупна должина од над 100 m.

      ЈП Стрежево поднесе пријава до државниот инспекторат за земјоделство против непознат сторител за вршење на кривично дело и согласно Законот за рибарство и аквакултура - ловење на риби со разни видови на мрежи кои се забранети за вршење на риболов.

       ЈП „Стрежево” – Битола  како концесионер на риболовната вода „акумулација Стрежево” врши засилена физичката заштита на рибниот фонд преку сопствена рибочуварска служба  во соработка со полицијата и инспекциските органи при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

       Апелираме до сите совесни граѓани да ја пријаваат до нас секоја детектирана негативна импликација врз рибниот фондодносно врз самата акумулацијата .

13221485 10207665329723624 7667375859163442603 n