ПОРИБУВАЊЕ НА АКУМУЛАЦИЈАТА СТРЕЖЕВО СО КРАП И ПАСТРМКА

На 28-ми јуни, ЈП "Стрежево" - Битола во близина на браната "Стрежево" и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”, го реализираше порибувањето за 2019 година со сопствени финансиски средства во износ од околу 350.000,00 денари со подмладок од крап (1000 единки) и пастрмка (5000 единки).

Повеќе: ПОРИБУВАЊЕ НА АКУМУЛАЦИЈАТА СТРЕЖЕВО СО КРАП И ПАСТРМКА

Интервју на Менде Граматковски директор на ЈП “Стрежево” – Битола за Зелена Берза

„Целта ни е испорака на вода до секоја земјоделска површина во Пелагонискиот регион“

Менде Граматковски првиот човек на ЈП „Стрежево“-Битола во интервју за „Зелена берза“ уверува дека нема простор за загриженост кај земјоделците за снабдување со вода ова лето, бидејќи моментално акомулацијата располага со околу 95 милиони м3 вода што е повеќе од доволно за обезбедување на потребните количини на вода за дел од Битол­с­кото Поле во Пелагонија.

Повеќе: Интервју на Менде Граматковски директор на ЈП “Стрежево” – Битола за Зелена Берза

Ј.П. "Стрежево" - Битола со факти и аргументи за немилиот настан кој се случи во базенот на 12.06.2019 година

ЈП Стрежево – Битола уште еднаш изразува жалење заради згаснувањето на еден млад живот и упатува длабоко сочуство до семејството на младото девојче.

 

Исто така, во моментите на оваа голема тага чувствуваме потреба да го демантираме соопштението на закупецот на деловниот просторот, во чии комплекс е и компензациониот базен, каде се случи немилиот настан, истовремено фрапирани од интриганските и манипулативните изјави на Компанијата Мегагруп кој се сосема несоодветни за овие моменти.

Повеќе: Ј.П. "Стрежево" - Битола со факти и аргументи за немилиот настан кој се случи во базенот на...

СООПШТЕНИЕ

Ј.П. "Стрежево" - Битола им соопштува на сите граѓани дека сезоната за наводнување 2019 година е започната. Од тие причини во главниот канал и останатите објекти се пуштат поголеми количини на вода, поради што СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА движење и задржување на граѓаните (минувачите) околу истите. 

Сето ова е заради заштита на нивната безбедност и безбедност на нивните најблиски.

Вода за летниот период доволно, набавен возен парк

Денес во стопанскиот двор на јавното претријатие “Стрежево“ средба со битолските новинари имаше директорот, Менде Граматковски, кој се осврна на неколку точки, на подготвеноста на претријатието за наредната летна сезона за наводнување, за работењето во изминатиот период, за набавката на новите возила, за изградбата на новата фотоволтаична централа…

Повеќе: Вода за летниот период доволно, набавен возен парк

Страница 15 од 43