ВИСИНА НА НАДОМЕСТ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ЗА 2026 ГОДИНА
ЈП “Стрежево” со одобрување од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство а по предходна консултација со претставниците на риболовните здруженија, согласно реалните финансиски можности и барања на граѓаните се одлучи да ја намали висината на надоместокот за издадена дозвола за рекреативен риболов.
Висината за надоместокот за издадена дозвола за вршење на рекреативен риболов на рекреативната зона „Акумулација Стрежево“ во зависност од времетраењето на важноста на истата е утврдена на следниот износ:
- годишна дозвола (редовна цена) 1.500,00 денари
- годишна дозвола (членови на Стрежево) 1.000,00 денари
- годишна дозвола (инвалидска) 750,00 денари
- месечна дозвола 800,00 денари
- тродневна дозвола 500,00 денари
- еднодневна дозвола 200,00 денари
- државна дозвола 9.000,00 денари
- Продолжување на важност на маркица 400,00 денари
- Изработка на нова легитимација (со вклучена маркица) 1.000,00 денари