20-ти Меѓународен куп во спортски риболов
Здружението на спортски риболовци “Црна Река”- Битола во соработка со ЈП”Стрежево”-Битола, концесионер на рекреативната зона “Акумулација Стрежево” , на 13.09.2015 година го одржаа традиционалниот 20-ти Меѓународен куп во спортски риболов, кој од пред девет години е посветен на прерано починатиот риболовец од Битола, Христо Пандиловски – Мачорот.