Крводарителска акција во ЈП Стрежево

Во просториите на ЈП Стрежево се одржа редовна крводарителска акција која ја организира ЈП Стрежево, Институтот за трансфузиона медицина од Битола и општинската организација на Црвениот Крст Битола.

Повеќе: Крводарителска акција во ЈП Стрежево

Техничка соработка на ЈП "Стрежево" со "Искра" Словенија

Со цел изнаоѓање на најсоодветно техничко решение за реконструкција на системот за динамичка регулација, ЈП "Стрежево" воспостави техничка соработка со "Искра"-Словенија.

Деновиве во посета на ЈП "Стрежево" е делегација од "Искра", со цел разгледување на постојниот систем, и ова е втора средба помеѓу стручните тимови на двете фирми. Имено, кон крајот на месец септември, тим од "Стрежево" беше во посета на Словенија,  со цел разгледување на функционални системи за динамичка регулација.

Техничкото решение ќе се изработи до крајот на 2016 година, а неговата реализација ќе започне од наредната година. Вредноста на инвестицијата се планира да биде во износ од еден милион евра.

iskra strezevo

Честит 23ти Октомври

ЈП “Стрежево” Ви го честита  23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба. Да ни е вековит!!!

312vcko

Страница 28 од 53