Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Во Пелагонија нема опасност од поплави, Стрежевската акумулација подготвена да ги прифати надојдените води

Нема место за страв од поплави по земјоделските површини во Пелагонија и покрај обилните врнежи дожд зашто Стрежевската акумулација е подготвена да ги прифати надојдените водотоеци, соопшти Менде Граматковски, директор на Јавното претпријатие  “Стрежево”.

„Во овој период, по најавата на синоптичарите за зголемени врнежи од дожд, ЈП “Стрежево” е подготвено да ги прифати сите дотеци од подпелистерските сливни подрачја. Во овој момент Стрежевската акумулација е полна со 85 милиони кубни метри вода. Да нема загриженост во однос на поплави зашто оваа акумулација е подготвена водите што ќе надојдат во овој период да ги прифати и да нема место за став од поплави на земјоделските површини во Пелагонија“, рече Граматковски.

Екипи од ЈП “Стрежево” се излезени на терен и будно ја следат ситуацијата во случај при појава на свлечиште веднаш да интервенираат.

„Во 2015 година на Главниот канал се имаше појавено свлечиште по обилните дождови, но, тоа со доаѓањето на новото раководство е санирано. Во овој период по Главниот канал редовно се испорачува вода за сите водокорисници. Денес имавме колегиум, сите надележни екипи во претпријатието се договоривме да бидиме подготвени, техниката и работниците се на терен и онаму каде ќе детектираме свчечиште веднаш да интервенираме и да не дојде до ситуација да не можеме да испорачаме вода, од една страна на Главниот канал, а на собирниот канал имаме зголемено присуство на луѓе и механизација, се со цел да можеме да ги прифатиме водите од Пелистерското подрачје“, рече Граматковски.

Објава 13.05.2019 2

Објава 13.05.2019 3