Порибување на акумулација " Стрежево"

На 26.03.2015 година се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево” во согласност со риболовната основа за оваа риболовна вода со рибен подмладок набавен од регистриран репроцентар – репроцентарот Топлец-Дојран, кој е дел од Институтот за сточарство (УКИМ-Скопје), со кој ЈП „Стрежево”- Битола има склучено договор за вршење на услуга- „набавка на порибителен материјал”.

Повеќе: Порибување на акумулација " Стрежево"

Добивање на дозвола за зафаќање,акумулирање и користење на вода на 20.10.2014 година

  1.  Дозвола за зафаќање, акумулирање и користење на вода од река Кишавска, река Граешка, река Остречка, река Злокуќанска, Стара река, река Киндерка, река Драгор и река Шемница за Хидросистем "Стрежево" за снабдување на ЈКП "Водовод" Битола со вода за водоснабдување, снабдување со вода на РЕК Битола и други локални индустриски капацитети, наводнување, производство на електрична енергија, и за одгледување на риба, како и употреба на Алиментационен канал, брана и акумулација "Стрежево" со придружни објекти, Главен Доводен Канал, Детална Цевководна Мрежа за наводнување, како и употреба на објект ХЕЦ "Стрежево", објект ХЕЦ "Биолошки Минимум", објект ХЕЦ "Експлоатационен Минимум", објект ХЕЦ "Филтерница", објект ХЕЦ ",Довлеџик" и Рибник "Стрежево" со придружни објекти, под 11-УП1 број 119 од 09.10.2014 издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите

На ден 14-15.02.2015 година ЈП “Стрежево” организираше хуманитарна акција – хуманитарен викенд на ски центарот “Нижеполе” за помош на настраданите во поплавите што го зафатија Пелагонискиот регион при што беа собрани 151.000 денари. Половина од собраните средства веќе се донирани за лекување на битолчанецот Давид Домазетовски а втората половина од средствата на предлог на градоначалниците на општините Новаци и Могила донирани се на најзагрозените семејства и тоа: Костовски Драги - Ношпал; Благоја Цветаноски - Вашарејца; Секирски Васко - Могила; Станко Мицевски - Новаци; Пецо Шурбевски - Новаци и Илија Николовски - Оптичари.

Повеќе: Хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите

Страница 41 од 42