Порибување во „Стрежево“ со автохтона пастрмка

Согласно годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд од рекреативната зона на акумулација “Стрежево”, како и риболовната основа за истата, вчера 23.12.2015 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за Земјоделство и овластена институција од областа на рибарството – Институт за сточарство при УКИМ – Скопје, беше извршено порибување на акумулацијата “Стрежево”.
ЈП“Стрежево” за заштита на животната средина

Со цел намалување на загадувањето на животната средина, како и контрола и заштеда на енергијата, ЈП“Стрежево” презема низа активности.
Извршено е редовно чистење, преглед, контрола и испитување на системот за греење, заради намалување на штетните емисии во воздухот од согорувањето. За таа цел, а во насока на препораките од Министерството за животна средина, беше ангажирана компанија која професионално се занимава во таа област.
Известување за ски центар „НИЖЕ ПОЛЕ“

Скијачкиот центар „Ниже Поле" ги известува сите вљубеници во зимските спортови дека причината поради која ски лифтовите не отпочнаа со работа е малата снежна покривка од 20 см снег.
За непречено функционирање потребна е снежна покривка од најмалку 30 см снег. Заврнатиот снег е натапкан , а ски лифтовите се подготвени по сите технички стандарди, за што е добиена дозвола за работа од Министерство за транспорт и врски.
Бачилото е комплетно реновирано и ќе стратува со работа овој викенд.
Страница 24 од 25