Посета на амбасадорот на Република Франција на ЈП Стрежево Битола

Во петок, на 23 февруари амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Н.Е. Господинот Кристиан Тимоние, придружуван од почесниот конзулл на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, го посети ЈП Стрежево во Битола. На средбата амбасадорот разговараше со директорот г. Методија Граматковски за можностите за модернизација на хидросистемот за наводнување и водоснабдување.