ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОДОКОРИСНИЦИTE

Се известуваат сите водокорисници дека согласно одлуката на Управниот одбор на ЈП “Стрежево”- Битола бр. 02-287/6 од 17.05.2019 година:

  1. Договорите за користење на вода со индивидуалните корисници да се склучат од 20.05.2019 до 15.06.2019 година
  2. Индивидуалните корисници кои нема да го испочитуваат рокот наведен во точка 1 ќе го плаќаат годишниот надоместок за искористена вода зголемен за 1.000,00 денари-казна за ненавремено пријавување
  3. Сите корисници на вода за наводнување од ХС “Стрежево” кои нема да ги пријават површините и земјоделските култури и нема да склучат договор за наводнување, а самоволно ќе пуштат вода за наводнување, за така наводнатите површини, односно култури, ќе плаќаат за 100% зголемена цена од постоечката.