Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Управен одбор

Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од најмалку пет, а најмногу 15 членови. Во Управниот одбор основачот - Владата на Република Македонија именува, односно разрешува претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работењето на јавното претпријатие имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници. Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот одбор не може да биде подолг од четири години. Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот. Управниот одбор може полноправно да работи и одлучува доколку се присутни повеќе од половината членови на Управниот одбор. Одлуките на Управниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од сите членови на управниот одбор.

 

Членови на Управниот одбор се:

Претседател на Управен одбор - Раде Христовски, магистер по економија со претходно 30 годишно раководно работно искуство во трговски фирми, моментално управител на трговска фирма.

Член на Управен одбор - Ерика Пешкоска, Асс. м-р. - Правен Факултет, вработена на Меѓународен Славјански Универзитет - ,,Гаврило Романович-Державин“ - Св.Николе - Битола.

Член на Управен одбор - Maртин Белокозовски, дипломиран инженер за прер. на анимални производи на Биотехнички факултет - Битола.

Член на Управен одбор - Горан Шундовски, дипломиран економист, со претходно работно искуство и моментало работно место: Референт по план и анализа и даноци во Ј.П. “Пазари” - Битола.

Член на Управен одбор - Сребре Нечовски, магистер, дипломиран геодетски инженер со претходно работно искуство, моментално работно место: овластен геодет ДОО ,,ГЕО НОВА 2014,, Битола.

Член на Управен одбор - Димитар Пипилиевски, професор по македонски и германски јазик,  со моментално работно место: професор во О.У “Крсте Петков Мисирков” с.Бистрица.

Член на Управен одбор - Mилка Стојановска, м-р по менаџмент на ит технологии, со моментално работно место: “Цилидо” - Данска - подружница Битола.

Член на Управен одбор - Васко Ангеловски, дипломиран правник, со моментално работно место: Управа за извршување санкции.

Член на Управен одбор - Земир Демировски, дипломиран психолог, со моментално работно место: Управа за извршување санкции.

 

Председател на Управен одбор, во согласност со прописите со кои се уредубаат тие прашање, за вршење на функцијата прима надомест во висина од 12.000,00 денари, а членовите на Управниот одбор имаат висина на надомест (паушал) од 10.000,00 денари месечно.