Одлука за завршување на сезоната за наводнување за 2026
ЈП “Стрежево” - Битола ја известува јавноста дека успешно ја заврши сезоната за наводнување.
Од 1 октомври започна периодот за зафаќање на вода, кој согласно Законот за водите и издадената дозвола за зафаќање, акумулирање и користење на вода, трае до 31 мај.
ЈП “Стрежево” и во наредниот период продолжува со одговорно и рационално управување со водните ресурси, во согласност со своите надлежности и утврдените услови за користење на водата.







